Таткото на Небојша Ројко: Мојот син е ситен крадец, но ако ја убил Јелена лично ќе му пресудам

Полицијата го приведе Игор Ројко (33) . Сепак тој беше пуштен неколку часа покасно, но сеуште се трага по неговиот брат Небојша.

Таткото на Игор и Небојша, Франц Ројко изјавил за српски курир дека доколку неговиот син ја убил Јелена, тој лично ќе му пресуди.

- Беше полицијата тука со неколку коли. Дваесетина полицајци и инспектори ја пребаруваа куќата, гаражата, помошните згради, а кога завршија со тоа го приведоа мојот син. Имам уште еден помлад син и него го бараа, но тој тоа утро си отиде од дома и не знам кај е.

Ројко вели дека знае што и се случило на пејачката, но дека не верува дека неговиот син е монструмот кој ја убил.

- Мојот син е ситен крадец. Поголем дел од својот живот го помина во затвор. Не верувам дека е поврзан со убиството, но ако го направил тоа, јас лично ќе му пресудам, вели тој.

 

 
 
08.04.2016 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега