Адеми ја презеде должноста во ресорот евроинтеграции од Бесими
Новоназначениот вицепремиер за европски прашања Арбр Адеми денеска и официјално ја презема должноста од неговиот претходник Фатмир Бесими, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
Бесими на примопредавањето го запознал Адеми со тековните проекти на СЕП, како и со делокругот на работа и му посакал успешно продолжување на патот кон европска интеграција на земјата, нагласувајќи ја потребата од континуитет во работата за реализирање на стратешките цели во областа.
Вицепремиерот Адеми е доктор на правни науки на Правниот факултет во Тирана, има богато научно искуство и ангажмани во областа на правото, зад себе има голем број учества на меѓународни конференции, како и поголем број научни трудови објавени во престижни меѓународни научни списанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа