Интервју со сопругот на пејачката Јелена: Едвај чекам убиецот да го погледнам во очи (ВИДЕО)

Сопругот на Јелена Крсмановиќ, пејачката на Гранд која брутално беше убиена, си ја отвори душата и по погребот кој се одржа вчера, со голема болка раскажа за трагедијата. Тој за српскиот Курир вели дека спие со фотографијата на својата сакана, мајката на неговото дете, и тоа секогаш ќе си остане така.

-Ме боли, многу ме боли што така се зборува. Верувајте дека тоа се небулози. Секогаш се поставува прашањето зошто лошите работи им се случуваат на добрите луѓе и обратно. Јас спијам со нејзината слика и таа е овде со мене. Бевме многу поврзани. Дури и кога спиевме, а она ќе осети дека сум свртен на другата страна, таа во сон се вртеше и се стискаше до мене, вели сопругот на Јелена.

Зоран вели дека убиецот кој ја убил неговата сопруга е монструм.

Во продолжение погледнете го интервјуто на Зоран Марјановиќ за српски Курир. 

 

 
 
08.04.2016 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега