Меѓународна верификација на економскиот успех

Нова меѓународна верификација на економскиот успех на Македонија. Светска банка уште еднаш ги завери позитивните резултати на нашата земја. Банкарите од Вашингтон пресметале дека Македонија има најбрз економски резултат во регионот од 3,7 проценти, стапката на невработеност и на сиромаштија се намалува, што укажува дека владините политики се правилно поставени и даваат резултат.

-Во 2015-та година, најбрз раст од земјите во регионот бележи Македонија со 3,7 отсто, а по неа е Косово со 3,6 проценти. Растот се пресликува во создавање нови работни места во приватниот сектор, а тоа и ниската инфлација им помага на приходите во домаќинствата и ја намалува сиромаштијата, се вели во извештајот на Банката.

Растот го движеле приватната потрошувачка, јавните расходи и извозот од слободните зони. Трговскиот дефицит се намалува како резултат на континуираниот раст на испораките од зоните.

Македонија ќе бележи уште повисок раст

Светска банка очекува натамошен робустен раст на македонската економија со 3,7 проценти годинава и 4 проценти во 2017-та година. Најголемите ризици доаѓаат од политичката и од бегалската криза.

-Пролонгирањето на политичката несигурност би можело да влијае врз одлуките за инвестирање и намалување на економската активност. И ескалацијата на бегалската криза може да биде ризик, особено ако ЕУ одлучи да ги затвори своите граници или значително да го ограничи приливот на мигранти,  стои во извештајот.

Банкарите од Вашингтон апелираат да се надминат политичките превирања и енергијата да се насочи кон  правењето структурни реформи, намалување на фискалниот дефицит, управувањето со јавните финансии.

Мерките за младите даваат резултат!

Клучните економски политики на Владата за стимулирање на домашните компании, активните мерки за вработување млади до 29 години, привлекувањето странски инвестиции резултура со отворање нови работни места и постепено решавање на горливиот проблем со високата невработеност на младите.

-Зголемувањето на вработеноста заедно со повисоките реални плати, пензии и социјални трансфери доведе до  зголемување на приватната потрошувачка од 3,2 процента во 2015-та година. Невработеноста на младите значително се намали,  од 53,1 процент во 2014-та година на 47,3 отсто во 2015-та, соопштува банката од Вашингтон.

Сепак, потребни се дополнителни структурни реформи на пазарот на труд.

-Македонија во овој конктекст подобро котира од останатите со оглед дека изминатите години во континуитет се намалува невработеноста,  вели економистот Бојан Шимбов.

Работа за фирмите, пари кај компаниите

Економските политики за континуирано подобрување на деловната клима во земјава, што е потврдено од многу меѓународни финансиски институции, резултираше со отворање на 150 илјади нови работни места. Рекордното ниво на капитални инвестиции, реализацијата на крупни инфраструктурни проекти, обезбедувањето поволни кредити за домашните компании во време на криза, активните мерки, субвенциите и даночните олеснувања, привлекувањето странски инвестиции, резултираа со нови деловни потфати од домашните компании и нови фабрики од странски инвеститори.

„Благодарение на нашите даночни политики, политиките за привлекување инвеститори, како и политиките за олеснување на бизнис условите во време на криза кога капиталот беше во грч и кога многу фабрики низ Европа згаснаа, во време кога инвеститорите беа со големи задршки во поглед на нивните планови, во Македонија продолжи тенденцијата на прилив на странскиот капитал и отворање нови фабрики и нови работни места“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Антикризните мерки дадоа резултат, Владата на ВМРО-ДПМНЕ почна да реализира крупни капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура, што резултираше со раст на градежништвото со двоцифрени стапки. Владата на Груевски не беше во дефанзива и тоа се покажа како правилен потег.

-Во време кога во другите земји почнаа да се зголемуваат даноците, ние ги намаливме. Останатите земји го зголемуваа ДДВ, данокот на добивка и преземаа многу други непопуларни мерки за компаниите и тоа сигурно би ги олеснило условите за справување со светската економска криза, но ние знаевме дека работниците и фирмите ќе настрадаат ако го направиме тоа. Со финансиска стимулација од три милијарди евра капитални инвестиции се овозможи поддршка за македонските градежни компании, при што градежништвото во сите изминати години бележеше рекордни двоцифрени стапки на раст. Помагајќи на градежништвото помогнавме и на 25 други гранки кои се поврзани со градежништвото, а со тоа овозможивме работа за стотици фирми и плата за десетици илјади вработени во тие фирми. Во исто време во кое кај нас се бараше работник повеќе, во другите земји имаше и масовни отпуштања,  вели Груевски.

Целата анализа прочитајте ја на ЛИДЕР

 
 
09.04.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега