Се појави нов сведок: Баба Рада открива нови детали од кобниот ден

Белградската полиција ја сослушала Рада Б. од Борча за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ.

Баба Рада секој ден ги паси коизте покрај наспиот каде Јелена последен пат била со сопругот и ќерката пред да биде убиена, пишува српски Информер.

- Во сабота околу пет часот после попладне ги однесов козите на пасење и ништо необично и сомнително не забележав, раскажала баба Рада. 

- Видов една русокоса  на  ливадата таму  беа  уште три момчиња кои играа фудбал. Се сеќавам дека забележив и еден човек со девојче. Детето си играше на ливадата береше цвеќиња, а кога ги виде козите истрча кон нив, и тоа е тоа. Жената која трчала покрај насипот воопшто не ја видов, вели таа. 

Баба Рада тврди дека не знаела кој е мажот со детето. За немилиот настан и која е убиената жена дознала до медиумите. 

- На полицијата им кажав дека не можам да го преознаам човекот кој бил на ливадата со девојчето. Едноставно, не обрнав вниамние на него и неговиот лик. Поради тоа и не можам со сигурност да кажам дека тоа бил сопругот на пејачката, вели баба Рада. 

 

 

 

 
 
09.04.2016 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега