Женска трка во Градски парк во Скопје

Пред Виз Ер Скопски маратон кој оваа година е закажан за 8-ми мај, по четврти пат денеска ќе се одржи Женската трка во Градскиот парк во Скопје. На трката се очекува да учествуваат околу 1.000 жени. 

Женската трка е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

Од оваа година Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Федерација.

Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории.

 
 
10.04.2016 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега