Времето повторно изненадува - еве какво време ќе имаме во наредните денови

Времето во Македонија денеска ќе биде свежо, облачно и променливо. Во понеделник не очекува слично време, а од вторник температурата ќе порасне и времето ќе се стабилизира.

И во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за слаб локален дожд во источните делови.

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 19 степени.

Од вторник ќе настапи период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Во четврток попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

 
 
10.04.2016 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега