Без вода утре корисниците од Охридска банка до Стоковна куќа во Центар

Без вода утре од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Охридска банка до Стоковна куќа во општина Центар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради изведување водоводен приклучок  ф125мм на ул.„Орце Николов“ бб, пред Комерцијална банка.

Корисниците без вода ќе бидат се додека не се санира дефектот.

 
 
10.04.2016 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега