Еве што ќе направат Гранд за семејството на убиената пејачка

Продукцијата на Гранд се одлучи по страотното убиство на Јелена Крсмановиќ, која беше пејачка на нивната продукција, да му помогнат на семејството.

Саша Поповиќ, директорот на Гранд направи специјална емисија за ѕвезрски убиената пејачка, во која учествуваа нејзините најверни пријателки и колешки, кои зборуваа за неа, за сопругот, животот и кариерата. Сите се согласни дека таа била прав пријател, добра и позитивна личност и дека имала среќен и хармоничен брак од кој ја има петгодишната ќерка.

Инаку, по големата трагедија која се случи и го шокираше Балканот, а особено го погоди семејството на пејачката кое е неутешно, Саша Поповиќ реши да го издаде последното ЦД кое го подготвуваше Јелена, како и ДВД од нејзините настапи, а парите да ги донира на семејството.

Секако, парите нема да ја вратат пејачката, но барем во еден дел ќе помогнат на нејзините најблиски.

Јелена во саботата беше усмртена со 30 удари од палка во главата, па беше фрлена во канал.

 

 
 
11.04.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега