ЕК ги повика мигрантите од Идомени да се префрлат во бегалските центри низ Грција

Европската комисија денеска ги повика мигрантите, кои се собрани кај Идомени, да се преместат во законските бегалски кампови низ Грција, пренесе БТА .

Комисијата, исто така, ги повика невладините организации на Идомени да даваат точни сведоштва од мигрантите.

Според ЕК, мигрантите не треба да тргнуваат по опасни патеки во обидот да стигнат во ЕУ.

Минатата недела од Грција во Турција биле вратени 325 мигранти, кои не поднеле барања за азил. Од Турција кон ЕУ, според договорот „еден за еден“, биле префрлени 74 сириски бегалци.

Досега се преземени две операции за враќање на мигрантите од Грција за Турција. во минатиот понеделник и во петокот, прецизира комисијата. 

 
 
11.04.2016 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега