Семејна драма: По крвава расправија скокнала од прозор со 4 годишното дете

Вистинската семејна драма се случила за виќендот во Виена. Кога брачен пар по тешка расправија поради љубомора и пари се напаѓале со ножеви.

Мажот (61) ја прободел сопругата (34), а потоа таа возвратила. По зададените рани на двете страни, жената го зграпчила своето четири годишно дете и скокнала од прозор.

Минувачите повикале полиција откако ја виделе искрварената жена.

Полицијата веднаш пристигнала на лице место и го повикала мажот да се предаде. Тој ненаоружан излегол од вратата облеан во крв и веднаш бил пренесен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.

Повредената жена која исто така се наоѓа во болница сеуште не е сослушана.

 

 
 
11.04.2016 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега