ВИДЕО: Головите на Стоилов и Дибиров меѓу десетте најубави гола на Ф4 во СЕХА

СЕХА Газпром лигата го објави последниот, деветти ТВ магазин за оваа сезона, а со него и топ-10 најубави гола од завршниот турнир во Вараждин.

Меѓу избраните се и нашите Стојанче Стоилов и Тимур Дибиров. Двајцата се избрани за голови кои ги постигнаа во финалето против Веспрем.

Стоилов даде ефектен гол без гледање, од зад грб, а пак, Дибиров го покажа својот раскошен репертоар од левата крилна позиција исто така совладувајќи го Мирко Алиловиќ.

 
 
11.04.2016 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега