ВИДЕО: Вооружени бугарски селани апсат мигранти

Аматерска снимка направена во близина на бугарско-турската граница објавена во понеделникот покажува вооружени локални бугарски селани при ткн „граѓанско апсење“ кога фаќаат тројца илегални мигранти и им ги врзуваат рацете зад грб додека лежат во шума.

На снимката снимена во Странџа, планинска област на границата со Турција, се гледа како еден од локален жител од организираната група поради заштита на границата од илегалните преминувања на мигранти им вели „Бугарија не, вратете се во Турција“.

Началникот на пограничната полиција Антонио Ангелов за телевизијата БТВ изјави дека овие ткн „граѓански апсења“ не се законски. Според него, тројцата мигранти од снимката рекле дека се Авганистанци.

Самоорганизираните селани, од кои најмалку еден бил вооружен со мачета, стојат под дрво, а еден на лош англиски се обидува да им каже да се вратат во Турција.

Бугарија подигна 95 километри заштита од бодликава жица на границата со Турција, која инаку е долга 269 километри.

 
 
11.04.2016 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега