ПРЕСВРТ: Главниот осомничен за убиството на Јелена е сопругот Зоран

Белградската полиција го има првоосомничениот на најмистериозното убиство, убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. Српски Телеграф пишува дека по повеќедневна истрага и постојана работа на теренот, личноста во која полицијата најмногу се сомнева дека е извршител на убиството е сепак нејзиниот сопруг Зоран.

-Полицијата во овој случај ги направи сите можни проверки, пребарувања, анализи и по испитувањето на теренот, но и по бројните лица кои се сослушани, се дојде до тоа дека во овој момент главноосомничен за убиството на Јелена е нејзиниот сопруг Зоран, открива за Телеграф.рс извор близок до истрагата кој побарал да биде анонимен.

-Главна причина е фактот дека Зоран Марјановиќ, два пати не го помина полиграфското тестирање, иако во медиумите се појавија други информации. Тој и во двата случаи падна на детекторот на лаги, а покрај тоа исказот кој неколку пати го даваше е полн со празнини и нелогичности. Имено, во исказот навел неверојатни детали кои се однесуваат на други лица, се сеќаваше на човек со стап, без грешки го опиша и тој стап и безброј други детали, но воопшто не можеше да се сети на клучните работи кои се однесуваат на последната средба со Јелена, како и тоа дека нема алиби, објаснува изворот.

 

 
 
11.04.2016 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега