Ќеркичката на Јелена го видела убиството? На полицијата и рекла: „Се случи нешто страшно“

- Се слуши нешто страшно, ова е единствената реченица која петгодишната Јана, ќерка на свирепо убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, ја изговорила во полиција во присуство на психолог и веднаш заплакала, дознава српски Курир.

Инспекторите на белградската полиција кои работат на расветлувањето на овој злочин, преку базните станици проверуваат кој каде се наоѓал од нејзиниот најблизок круг непосредно откако Јелена исчезнала, бидејќи и понатаму се сомневаат дека семејството нешто крие, и дека убиецот имал најмалку еден соучесник. Извор близок до истрагата за српски Курир открива дека со Јана многу кратко разговарале два ена откако е убиена Јелена.

- Не можевме многу податоци да добиеме од девојчето. Дете од пет години нама претстава за време, не знае колку е десет минути, а колку час, не може да потврди кога Јелена отишла да трча, колку била со нив... -раскажа изворот.

 

 

 

 

 

 
 
11.04.2016 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега