Страшна несреќа: Никола се враќал од диско - усмрти камионџија и замина во смрт

Одлуката на Никола Стошиќ од Србија да вози во спротивна лента на авто-патот Белград-Ниш, го однесе 21-годишното момче во смрт. За жал, во немилиот настан згасна уште еден живот.

Како што пишуваат српските медиуми, 21-годишниот Никола од Јагодина, со својот автомобил Волво, возејќи во спротивна лента директно удрил во камион, при што за жал заминал во смрт, а го усмртил и возачот на камионот, 60-годишниот Д.В.

Момчето таа вечер било во дискотека и пиело, а од таму тргнало да се види со пријателите во Смедерево. За да не се враќа десетина километри, тој го свртел автомобилот во спротивната лента, при што се појавил камионот и настанал страшен судар.

Момчето удрило во камионот кога дошло до надвозник, по што од силината на ударот камиоот паднал во провалија, додека возилото се превртело и одлетало, целото смачкано.

Младешката непромисленост го чинеше Никола два живота.

 

 

 
 
12.04.2016 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега