Претседателите на Словенија и Хрватска доаѓаат во Македонија

 

Претседателите на Република Словенија, Борут Пахор и на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, денеска и утре ќе престојуваат во посета на Република Македонија на покана на шефот на државата Ѓорге Иванов.

Како што соопштија од Кабинетот на претсдеателот, попладнево во вила „Водно“ ќе се одржи трилатерална средба на Иванов со Пахор и Грабар Китаровиќ.

Според програмата, тројцата претседатели утре ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско-грчката граница и привремениот транзитен центар „Винојуг“, каде ќе имаат средба со полицајците од Република Словенија и Република Хрватска кои им помагаат на македонските безбедносни сили.

 

 
 
12.04.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега