ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ: Системот капка по капка треба да донесе препород на земjоделството

Системот за наводнување капка по капка е систем којшто навистина треба да донесе препород во нашето земјоделство и оние приноси за коишто долго време се смееја некои од нашите стручњаци да бидат брзо заборавени затоа што овој систем што е проширен низ цела Европа и цел свет носи поголеми приноси за разлика од нашите приноси на пченка и на било која друга култура за 3 до 4 пати повеќе, вели претседателот на Сoјузот за земојделци, Вељпо Тантаров.

-Системот капка по капка како што на вчерашната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со околу 500 земјоделци во музејот на слободата во Скопје, ги кажа услугите како и на кој начин се спроведува оваа мерка. Системот капка ќе можат да го користат скоро сите земјоделци што се занимаваат со земјоделско производство и ќе почнат да аплицираат од октомври оваа година, а идната година во почетокот да почнат да се реализираат многу работи. Ние сметаме дека ова со бунарите ќе биде исто така успешно затоа што земјоделците повеќе не ќе можат да чекаат милост од облаците дали ќе заврне или не, туку ќе имаат и тие некое сигурно производство. Ако не поголемо 3,4,5 пати од она што го нуди системот капка по капка, тогаш ќе биде значајно поголемо од она што сега се произведува, вели Тантаров.

Котевски Ристо од село Логоварди, кој има инсталирано систем капка по капка вели дека системот за одржување е многу лесен, заштедува време и пари.

-Учествувавме во програмата и зедовме по 1 хектар површина. После тоа, кога го видовме благодетот и убавината на системот капка по капка ја зголемивме површината и сега имаме систем за наводнување капка по капка 5 хектари. Меѓутоа оваа година со програмата аплицираме за уште 5 хектари. Системот за одржување е многу лесен, едноставен, може секој да го одржува. Штом се постави во површината се заштедува во време, во пари, во инвестиција, во се, смета Котевски.

 
 
12.04.2016 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега