Детали за трагедијата во Скопје: Оџак усмрти минувач - пред него поминала мајка со бебе

Муарем А. од скопското село Студеничани вчера загина откако падна оџак na nego во паркот на јужниот булевар во Скопје. Трагедијата се случила околу 11 часот, кога Муарем дошол да најде работа. Во еден момент, додека работници ги уривале објектите, паднал оџакот и тулите го поклопиле додека минувал на патеката. 

Како што пишува Вест, трагедијата се одвивала пред неколку лица кои потресени велат дека се се случило одеднаш, паднале тули, се кренала прашина и го поклопила човекот. Несреќата се случила само секунда откако пред Муарем поминала мајка со количка со бебе.

- "Половина час чекавме да дојде брзата помош, бидејќи не знаевме дали човекот е жив или мртов. За жал, човекот веќе беше мртов", револтирано раскажува сведок за Вест.

Увид на местото на настанот изврши полицијата, а од Градежниот инспекторат најавија дека ќе го испитаат случајот.

Оваа трагедија ја потресе македонската јавност.

 

 
 
13.04.2016 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега