Македонец сексуално нападнал 50 жени

33-годишен Македонец е обвинет за 50 сексуални напади на жени во Копенхаген во Данска. Како што пренесе Дневник, тој побегнал од Психијатриското одделение, а бил препознаен по сликите во медиумите. Драмата не траела долго бидејќи по ден ипол самиот се пријавил.

Тој минатата година бил приведен откако напаѓал жени и ги лижел и бакнувал по телото. 

Се товари за вкупно 50 напади на жени. Ги пречекувал на улица, чекал да застанат и ги напаѓал, ги бакнувал, ги допирал по градите, им ги лижел лицата. 

Тој почнал зачестено да напаѓа па полицијата патила апел девојките да внимаваат. Тој бил фатен со помош на фотографија.

 
 
13.04.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега