Пожар во куќа во Кавадарци

Во пожар во куќа во кавадаречкото село Ваташа денеска изгоре поткровјето од станбениот објект лоциран на улицата „Страшо Пинџур“.

Пожарот е локализиран, но причините и предизвиканите штети се уште се утврдуваат, информира Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

- Веднаш интервениравме на гаснење на пожарот со две возила и тројца пожарникари. На помош ни дојдоа и по едно возило и по двајца пожарникари од “Фени индустри”, “Кожувчанка” и подружницата на Македонски шуми, “Бор” од Кавадарци, изјави Богевски. 

 
 
13.04.2016 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега