Исчезна средношколка од струмичко - родителите молат за помош

Апел за помош од родителите на младата девојка Пандева Мануела на која од  11 април  утрото и се губи секаква трага.

Девојката има 17 години и живее во струмичко Пиперево. Таа во 7 часот и 30 минути излегла од својот дом за училиште, се упатила во непознат правец и од тогаш и се изгубила секаква трага.

Нејзините пријателки не ја виделе тоа утро, а Мануела не била ни во училиште. Исчезнувањето во полиција веднаш го пријавил нејзиниот татко кој не информираше и дека сигналот на телефонот и се губи во 5 часот откако цел ден не одговарала на повиците. 

Девојчето на себе носело тексас палто, фармерки и патики.

Се молат сите кои имаат било каква информација да пријават на следниот број 070 348 580.

 
 
13.04.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега