Трагедија во Македонија: Врата усмрти четиригодишно дете

Трагедија ја потресе Македонија. Во дворот на основното училиште „Сали Лиси“ во гостиварското село Добри Дол животот го загуби четиригодишно детенце врз кое падна неисправна влезна врата. 

Несреќата била пријавена околу 13 часот во текот на вчерашниот ден. 

Детето веднаш било однесено во тетовската болница, но за жал им подлегнало на повредите.

На местото биле испратени увидна екипа и јавен обвинител. Засега не се знае како вратата паднала врз детето кое си играло.

 
 
13.04.2016 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега