Претепан хирург во Битола: Завршил со потрес на мозокот

Потрес на мозокот добил битолски хирург откако бил нападнат од роднина на пациент, на Одделението за неврохирургија на битолската болница. Како што пренесува Дневник, хирургот бил дежурен на одделението, а напаѓачот бил полицаец кој со ургентен упат носел свој роднина. Хирургот побарал да се премести прегледот за подоцна за да дојде неврохирург, а битолчанецот се разбеснил и физички го нападнал.

Битолчанецот со глава го удрил хирургот во глава неколкупати и со тоа тој добил потрес на мозокот. 

Лекарот бил задржан на болничко лекување, а сега се одмара дома. 

Инцидентот се случил нешто по 16 часот.

 

 
 
14.04.2016 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега