Уште една трагедија во животот на сопругот на Јелена

Семејството на сопругот на Јелена Крсмановиќ, веќе имало една трагедија пред монструозното убиство на пејачката. Семејството имало страшен губиток со кој не може да се помири сеуште.

- Мојата сопруга носеше близнаци. На првиот ултразвук се слушнаа две срца. Сепак, откако се родија, ни кажаа дека братот на мојот Зоран е мртов. И ден денес се сомневаме дека детето ни е украдено, не го ни видовме, вели таткото на сопругот на Јелена.

Тој додава дека верува дека е жив и на некој друг крај на светот, но не можат да докажат.

За Зоран вели дека секогаш бил весел и друштвен, секако предвиде некои работи, но новинарите тоа го напумпаа за да биде побомбастично.

- Имаше визии за други светови, но не може да го предвиди убиството, вели тој.

Јелена беше убиена пред две недели со триесетина удари од дрвена палка. Полицијата интензивно трага по убиецот.

 

 
 
14.04.2016 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега