Исчезнатата Мануела најдена жива, се наоѓа во болница - што и се случило?

По три дена трагање, вчеравечер е пронајдена 17-годишната Мануела од Пиперово, која семејството ја бараше во очај и паника.

Семејството Пандеви од Пиперево потврди дека нивното чедо се вратило, но заради истоштеност девојката е однесена во струмичката болница. неа ја забележал возач кој бил информиран од медиумите за исчезнувањето и ја вратил дома. Била најдена кај Демир Капија.

За потсетување Мануела од засега непознати причини исчезна во понеделникот наутро кога тргнала на училиште. По објавувањето на веста загрижени граѓани се јавувале дека ја забележале во Гевгелија, Росоман и Кавадарци. Семејството Пандеви упатија благодарност до сите кои дале свој придонес за пронаоѓање на Мануела.

 
 
14.04.2016 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега