Застанал па налетал на хорор: Пронајден череп кај Стража

Остатоци од човечки череп се откриени покрај коловозот на магистралата Гостивар-Кичево во близина на преминот Стража. Полициска екипи по наредба на Јавен обвинител извршила увид на местото и во текот на денот се планира дополнително пребарување на теренот, информираат од СВР Тетово.

Според првичните сознанија, черепот го забележал случаен минувач, кој вчера, околу 13 часот,  застанал на едно проширување од патот на половина километар од преминот Стража. По пријавувањето бил извршен увид, при што е констатирано дека на черепот му недостасува долната вилица. Пронајдениот материјал е даден на вештачење за да се утврди староста и други поединости со ова откритие.

Од СВР Тетово информираат дека местото и теренот се обезбедени, а во координација со Јавен обвинител и специјализирани екипи во текот на денот се очекува да почне пребарување на околината.

 
 
14.04.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега