Се суши каналот каде ја пронајдоа Јелена - полицијата на нова трага

Белградската полиција го суши каналот во кој е пронајдено телото на брутално убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ во потрага по уште материјални докази во врска со случајот, а можеби и предметот со кој е убиена.

Како што дознава српскиот Курир, полицијата одлуката за овој начин на проширување на истрагата ја донесе пред 2-3 дена, а како ќе спроведе, зависи од временскиот прилики.

Полицијата и форензичките стручњаци секојдневно го пребаруваат подрачјето кај насипот во борчанската населба Црвенка, движејќи се низ густата вегетација, во потрага по нои докази кои би укажале на убиецот и би го расветлиле овој исклучително тежок случај.

Да потсетиме, полицијата засега не отфрлува ниту една можност - дека Јелена е убиена на местото каде е најдена, како и дека е убиена на друго место, а телото само е фрлено во каналот кај насипот. Се сомневаат во членови на семејството.

Инаку, Јелена беше убиена со 30 удари од дрвена палка. По првиот веќе се онесвестила, а по петтиот од крварењето на мозокот била мртва.

Пејачката зад себе го остави своето петгодишно дете.

Овој настан го потресе регионот. 

 
 
14.04.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега