Нов инцидент, повреден полицаец, оштетени возила: Мигрантите се обидоа насилно да влезат во Македонија

Околу 11 часот и 20 минути во текот на вчерашниот ден, на околу 100 метри од Граничен камен 59, се собрале околу 200 мигранти и се обиделе насилно да влезат на територија на република Македонија. Според податоците на полицијата, истите започнале со скандирање, а потоа и со каменување на полициските службеници, по што биле употребени хемиски средства. Тогаш интервенирала и грчката полиција.

Околу 15 часот и 15 минути групата целосно се повлекла кон кампот Идомени. За време на немирите еден припадник на полицијата е полесно повреден, а биле оштетени пет службени возила. 

Инаку, ова е втор обид за насилно влегување на мигрантите во Македонија. Минатиот викенд 500 мигранти се судрија со полицијата. Тие фрлале камења, се обиделе да ги бутнат столбовите, а полицијата одговори со солзавец и шок-бомби.

 
 
14.04.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега