Откриено како починала жената која беше пронајдена во куќа во Велес

Мртва жена беше пронајдена во куќа во велешкото село Нежилово пред неколку дена. Според податоците од МВР, се работи за 84-годишната Лена Д. која беше пронајдена мртва во својата куќа.

Како што дознава Вест, врз телото на жената немало траги од насилство и обдукцијата покажала дека таа починала од природна смрт.

Лекар од Итната помош констатирал повреди на главата, рана од неколку сантиметри, по што обвинител побарал телото на починатата да биде дадено на обдукција, по што е потврдено дека велешанката починала од природна смрт.

 
 
14.04.2016 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега