ПРЕСВРТ: Јелена била убиена дома - каква тајна крие семејството?

Пресврт каков што никој не очекуваше во случајот за убиството на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. Полицијата и понатаму работи на собирање на деталите и доказите за монструозниот чин кој ја потресе јавноста. 

Според најновите момнети кои ги открија форензичарите и полицијата, Јелена всушност била убиена дома, а не кај каналот каде беше пронајдена крвава. Телото на пејачката кое 30 пати со дрвена палка било брутално удирано, најверојатно било само однесено и фрлено кај каналот и тоа ден по убиството.

Вчера форензичарите упаднаа во семејната куќа на пејачката од каде одзедоа тепих и други предмети кои според нив можат да доведат до убиецот.

Според најновите податоци до кои дојде српскиот Курир, и свекорот на пејачката кој во јавноста тврди дека неговиот син не е убиец и не би можел како голем верник да стори таков грев, всушност паднал на полиграфот.

Членовите на семејството се осомничени. И понатаму е мистерија што точно се случило и кој ја убил младата пејачка и поради која причина.

 
 
15.04.2016 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега