Девојките во паника: Монструмот кој и ја смачка главата на пејачката слободно шета на улица

Пред две недели Јелена Крсмановиќ беше брутално убиена со триесет удари во главата и фрлена целата крвава во канал. Трагичната и воедно монструозна смрт на мајката на петгодишно дете и фактот дека убиецот уште слободно шета на улиците, ги загрижи жените и девојките од Белград кои бараат полицијата да направи се што може за да го фати монструмот за кој не се исклучува можноста да го повтори делото.

Дружтвените мрежи од убиството до сега се преполни со коментира со страв и паника. Најмногу се уплаени мајките, а и девојките на возраста на Јелена.

- Почнав да се плашам кога излегувам надвор, не ми е сеедно. Нормално е да има паника кога убиецот шета слободен. Замислете уште да беше манијак убиец, напиша мајка на возраст од 30 години.

Во медиумите секојдневно се појавуваат нови податоци за убиството, а сега полиијата сомнежот го фрли на членовите на семејството. Тие паднале на полиграф, лажеле за тоа каде биле за време на убиството, а и други детали укажуваат дека се вмешани.

Според последните податоци, Јелена била убиена дома па фрлена во каналот.

Таа беше пронајдена пред две недели по 20 часовна потрага. Била убиена со 30 удари од дрвена палка. По првиот била онесвестена, а по петтиот мртва, откако убиецот брутално и ја смачкал главата.

 
 
15.04.2016 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега