МВР со детали за синоќешните протести: Камења, цигли и запалени бакли кон полицијата

МВР со детали за вториот ден од протестите во Скопје, по одлуката на претседателот Иванов.

Во 18  часот во Скопје пред објектот на Собранието на улицата „11-ти Октомври“ започнало собирање на група на граѓани  од невладини организации, граѓански иницијативи, движења и неформални групи. Во 18 часот и 40 минути бројката на протестанти достигнала од 4000 граѓани кои ја блокирале улицата и во еден  момент дел од групата од околу 2000 лица започнале со движење кон улицата „Димитрие Чуповски“ и се упатиле и во правец на улицата „Даме Груев“ кон објектот на  ВМРО каде во непосредна близина на Трговскиот Плаза било блокирано од страна на Полициски службеници поставени во кордон.

Дел од групата на граѓани поради незадоволството започнала со каменување врз полициските службеници, при тоа фрлале камења, цигли и во повеќе наврати фрлиле запалени бакли кон кордонот.

Без употреба на физичка сила, со употреба на тактичка техника – потиснување, масата од околу 2000 граѓани од страна на полициските службеници била потисната, а се со цел одбивање на каменувањето како и да се спречи оштетување на објекти и повреди на други лица.

При каменувањето повредени биле пет полицајци на кои им била укажана лекарска помош во Св. „Наум Охридски“ каде им биле констатирани телесни повреди и истите биле пуштени на домашно лекување.

Откако групата почнала да се растура дел од околу 1000 лица се упатиле пред објектот на Владата лоцирана на улицата „Илинденска“ бб  каде по краток престој истите се растуриле во помали групи и се разотишле во различни правци.

Собирот завршил во 22 часот.

 

 

 
 
15.04.2016 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега