Свекорот на Јелена на полиграф паднал на само едно прашање - еве кое

Свекорот на бизарно убиената пејачка Јенела Крсмановиќ Марјановиќ падна на полиграф и тоа на само едно прашање кое е клучно за истрагата, поради што мрежата на сомнежот паѓа на него и неговото семејство.

Владимир и покрај тоа што смирено ги поминал прашањата на полицијата, сепак паднал на едно клучно прашање а тоа е: "Дали криете нешто во врска со смртта на вашата снаа?".

Исто така, освен на ова прашање, поврзано на него, Марјановиќ паднал на полиграф и на прашањето "Дали вашиот син има некаква вмешаност во убиството на вашата снаа?".

За потсетување, Јелена исчезна во саботата на 2 април, а по 20 часовна интензивна потрага ја пронајдоа фрлена крвава во канал. Испитувањата и обдукцијата на телото покажаа дека несреќната жена била усмртена со 30 удари од дрвена палка по главата. 

Таа по првиот удар била онесвестена, по борбата со убиецот, а веќе по петтиот била мртва од крварењето на мозокот.

Таа зад себе ја остави петгодишната ќерка.

 
 
16.04.2016 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега