Селанец раскажува што се случува во собата со икони на свекрвата на Јелена

Еден селанец на местото Борча каде живееше и бизарно убиената пејачка Јелена Крсмановиќ раскажува како помагала свекрвата на Јелена на мештаните. За Србија данас тој раскажа што правела свекрвата на убиената пејачка на Гранд.

- Се сеќавам дека кога се доселија во Борча веднаш се прочу дека се занимава со биоенергија. Колку што се сеќавам, тука во Борча изнајмија гаража каде таа отвори место во кое лечеше луѓе. Отидов кај неа да видам што прави бидејќи многу ме интересираше. Луѓето сешто зборуваа околу тоа како лекува и што прави, па сакав и самиот да се уверам, вели селанецот кој сака да биде анонимен.

Како што раскажува за Србија Данас, местото на кое отишол на терапија била просторија полна со икони, вели дека буквално направила бизнис од сето тоа.

- Па третманот изгледа вака, со една рака покажува кон иконите, со главата е свртена кон плафонот, а другата рака ја насочи кон мене. Со раката поминуваше на местата каде се бубрезите, црниот дроб и други органи. Колку што знам така испитуваше дали имам некое заболување и за што треба да ми помогне, вели мештанинот.

И други селани раскажуваат разни приказни за свекрвата на Јелена која беше убиена со 30 удари од дрвена палка.

 

 

 
 
17.04.2016 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега