Платата за оваа работа е 1.200 евра но никој не ја сака!

Нада Поповиќ, сопственичка на фирма од Ужице во Србија бара работници, но како што вели иако платата е 1.200 евра, работници нема ни за лек. 

Таа како што раскажува за српскиот Курир, со години бара ученици од сообраќајното училиште да дојдат кај неа да имаат бесплатна пракса, а потоа да работат на дигалки за  1.200 евра.

- Кадарот е проблем бидејќи младите генерации не сакаат да учат за тоа. Дури и тие што ќе завршат школо не знаат да работат со дигалките, вели таа.

Оваа работа е платена од 3 до 5 евра за час, а иако кај неа е 1.200 евра не може да најде кадар.

Таа вели дека за инает започнала да се занимава со оваа работа бидејќи откако сопругот и починал сметале дека жена не би можела да раководи со ваков бизнис.

 
 
18.04.2016 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега