Хорор: Ја прегазил сопругата со автомобил па ја бодел со нож

Три пати ја прободел со нож, а потоа ја прегазил со автомобил. Страшен обид за вчера ги вознемири граѓаните на Лесковац, Србија. Според информациите објавени во локалните медиуми, 30 годишниот маж, вчера околу 15 часот по расправија со својата сопруга влегол во својот автомобил и додека таа трчала по него, ја прегазил. Излегол од возилото, и со нож и нанел три убоди, во вратот, стомакот и потколеницата.
За среќа, раните биле површински, па жената преживеала, но нејзината состојба е критична и лекарите се борат за нејзиниот живот.
Полицијата се уште го истражува случајот, па не открива детали околу причините за расправијата.

 
 
18.04.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега