СДСМ ја сквернави портата низ која спортистите беа дочекани како херои

 

Додека хулиганите и деликвентите на СДСМ секојдневно ја нагрдуваат Порта Македонија, јавноста ја памети како симбол на успехот на нашите спортски репрезентации.

Најголемата опозициска партија и нејзините поддржувачи и соросови платеници ја сквернават портата низ која спортистите беа дочекани како херои. Во 2011-та година, кога Порта Македонија беше во завршна фаза на изградба, Македонија ги дочека хероите од Литванија кои остварија историски успех и го освоија 4-тото место на Евробаскетот.

Македонската нација тогаш сплотена како едно ги дочека македонските кошаркари, кои со двокатен автобус минаа низ триумфалната капија, која стана симбол на успехот на нашите спортски репрезентации.

Една година подоцна, во 2012 година, Македонија го славеше и големиот успех на нашите ракометари кои го освоија високото петто место на ЕП во Србија. Кире Лазаров, Борко Ристовски и останатите наши ракометари како херои беа пречекани на скопскиот плоштад, и исто како и кошаркарите успехот беше одбележан со победнички марш низ триумфалната капија.

 
 
18.04.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега