Растат температурите - еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен. 

Температурата ќе се движи од 25 до 31степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен  повремено засилен ветер од југозападен правец.

Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе има значително опаѓање на дневната температура за 7 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Потоа до крајот на неделата ќе биде стабилно и суво со дневни температури во рамките на просекот за овој период од годината.

 
 
18.04.2016 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега