Кој му помагал на убиецот на Јелена?

Убиецот на Јелена имал најмалку два месеца да го испланира убиството кое го потресе регионот. Според најновите податоци, убиецот имал личност која му помагала низ месеците да го направи планот на смртта. На сето тоа укажува добро осмисленото киднапирање, убиството кое било испланирано до најмал детаљ, како и тоа што убиецот не оставил трага.

Целото семејство оваа недела повтрно ќе биде однесено на испрашување и полиграф.

- Убиецот имал најмалку едно лице кое му помагало, вели извор на истрагата за српскиот Курир.

Според се до сега, и начинот на кој е убиена Јелена со триесетина удари од дрвена палка, убиецот ја познавал и и ги знаел навиките.

 
 
19.04.2016 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега