ЕВН најави исклучувања низ Скопје

 

Корисниците од Бела Земја, како и дел од корисиниците од Кадино, Хавеп, село Марино и Млин Кадино во општина Илинден утре од 8:15 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Виничка“, „Вашингтонска“, „Нов живот“ и „Дринска“ во општина Шуто Оризари, како и корисиниците од селото Долно Свиларе, Амбуланта и Пилана во општина Сарај.

Во периодот од 9 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од селата Осинчани, Елово, Малчиште, Црн Врв, Нова Брезница, Јаболци, Патишка Река, Држилово, објектот на РудПроект и Хидроцентралата во село Патишка Река.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

 
 
20.04.2016 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега