Увид во градежни активности на Трета Македонска Бригада

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска ќе изврши увид во втората фаза од градежните работи за проширување и реконструкција на улицата Трета Македонска бригада.

Втората фаза се изведува на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, делница долга 1.400 метри.

Улицата со овие градежни активности треба да добие 4 сообраќајни ленти, зелен појас од 1,5 метри, велосипедска патека покриена со асфалт и широка 2 метра и тротоар покриен со бекатон плочки со ширина од 3 метри. Ќе се изгради и средишна разделна жардиниера со ширина од 5 метри, ќе се постави ново осветлување,

Првиот дел од булеварот Трета македонска бригада, на потегот од булеварот Србија до улицата Фрањо Клуз е веќе проширен. Делницата е долга 1.243 метри.

 
 
21.04.2016 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега