Истражување на РСБСП за навиките и проблемите на велосипедистите во Скопје

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата РСБСП започна анкетно истражување за велосипедистите со кое треба да се утврдат навиките, прашањата и проблемите на велосипедистите во Скопје.

Како што соопшти РСБСП, идејата е преку ова истражување да се утврди колку често и за кои цели во Скопје се употребува велосипед, како и кои се проблемите со кои се соочуваат велосипедистите и што треба да се направи за да се променат.

Анкетата ќе трае три недели и може да се види и пополни на фејсбук страницата на Советот на посочениот линк. По завршувањето на анализата, резултатите ќе бидат соопштени на јавноста.

 
 
21.04.2016 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега