Маж од скопско падна во рацете на полицијата
Полициски службеници од Неготино вчера околу 00 часот и 45 минути на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, во близина на селото Тремник, на даден знак на возило „Волксфаген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Ф.О. од скопското село Брест, не застанало, по што со службеното возило се упатиле по него.
Во близина на раскрсницата кај железничка станица Неготино, полициски службеник забележал како мигрантите излегуваат од патничко моторно возило, по што Ф.О. се дал во бегство.
Од страна на полициските службеници, во непосредна близина до патничкото моторно возило, биле откриени 12 лица-мигранти, од Авганистан и Пакистан. Лицата илегални мигранти се однесени во Полициска станица-Неготино. Ф.О. е пронајден и приведен во Полициската станица-Неготино.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа