Мукаетов останува на чело на РФМ

Македонската ракометна федерација нема да добие нов претседател по утринското годишно собрание, досегашниот претседател Живко Мукаетов доби максимална поддршка од сите клубови и здруженија во собранието.

Мукаетов најави повлекување по неуспехот на националниот тим на квалификацискиот турнир за Олимпијада во Рио. Ставот после поразот од Тунис дека се повлекува предизвика бура реакции кај сите.

Репрезентативците предводени од капитенот Кире Лазаров уште во Гдањск му дадоа целосна поддршка на претседателот Мукаетов, а по враќањето со писмени соопштенија и клубовите му дадоа поддршка, истакнувајќи дека се презадоволни од неговата работа. Клубовите на неколку дена пред собранието со циркуларно писмо и потпис и печат од секој од нив, заедно со здруженијата кои имаат право на глас, јасно ставиле до знаење дека Мукаетов треба да остане на чело на РФМ.

Станува јасно дека оставката нема да биде прифатена, тоа значи дека Мукаетов по утрешното собрание ќе продолжи да ја води РФМ, најмалку до март следната, кога завршува неговиот 4 годишен мандат.

 

 
 
22.04.2016 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега