На злосторниците им пречат доказите: Убиен сведок на специјаниот суд за злосторствата на ОВК?!
Некогашниот припадник на ОВК Бедри Цури, чие тело е пронајдено во Глоговац, најверојатно бил сведок на судот за припадниците на ОВК.
Полицијата е без коментар, пишува РТС.
Приштинскиот весник Бота сот., повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека Цури е најверојтно убиен бидејќи бил сведок на новиот суд, пред кој наскоро ќе се најдат поранешните лидери на ОВК за да одговараат за воени злосторства.
Бедри Цури е убиен кога одел во посета на фамилијата која живее недалеку од Глоговац.
Полицијата не сакала да ги коментира наводите на приштинскиот весник.
23.04.2016 - 10:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа