Убиството на Јелена сеуште без расплет: Ќеркичката Јана не знае дека мајка и е убиена

 

Расплетот на мистериозното убиство на Јелена Марјановиќ, според непотврдени ифнормации се ближи кон крајот, но полицијата сеуште не дава официјално соопштение и да каже дали има поместување или евентуално апсење за бруталното убиство.

Марјановиќ вчера само накратко ја напуштија семејната куќа во Борча, кога Зоран ја однесе својата ќерка на прошетка. Во телефонска изјава за ало.рс се пожалил дека живеат во агонија.

- Не се мешам во работата на полицијата, посветен сум му на детето 24 часа. Се трудиме да се адаптира на ситуацијата во која се најдовме. Нормално дека зборува за својата мајка, ја споменува. Не излегуваме често, зошто пред куќата има многу новинари и фоторепортери. Само не сликаат чим излеземе од куќата. Секој наш чекор си тумачат како сакаат, па не излегуваме за да не објавуваат лаги за нас. Ја однесов Јана да си поигра малку, ќе полуди детето цел ден во куќата. Ова не би го посакал ниту на непријател, изјави Зоран.

Според информациите Јана не знае дека мајка и е убиена, тоа никој не го спомнува.

 

 
 
23.04.2016 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега