Полициска бркотница на автопатот Гевгелија-Скопје

Во текот на вчерашниот ден околу 16.30 часот на клучката кај с.Удово,  од страна на патролен тим е забележан автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки со мигранти, како и автомобил „Фолсфаген Пфаетон“ исто така со скопски регистарки ознаки кој  попречувал да извршат престигнување  на „Аудито“. Кај клучката кај Демир Капија „Аудито“ се исклучило од автопатот и застанало, а возачот го оставил возилото со мигранти и се дал во бегство. Непосредно по напуштањето на автомобилот,  возачот бил фатен од патрола од Полициската станица во Михајлово. Во возилото пронајдени биле 16 мигранти од кои пет малолетни и 11 полнолетни лица. Од нив 10 лица се од Авганистан, едно лице од Пакистан и пет лица од Ирак.Возачот на „Аудито“ во кое се превезувале мигрантите е идентификуван и се работи за Ф.Н.(27) од Скопје. Во 18.35 часот бил забележан паркиран автомобилот „Фолсфаген Пфаетон“ и биле легитимирани две лица А.Б.(26) и С.Д.(28) двајцата од с.Арачиново, скопско. Поради сомнение дека се работи за организирана група на криумчарење на мигранти, лицата се приведени и задржани во Полициската станица во Неготино. Против македонските државјани ќе биде поднесена кривична пријава поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б став 4 од КЗ на РМ и во текот на денешниот ден ќе бидат спроведени до основниот суд Скопје-1 во Скопје.

 
 
23.04.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега