Тешка сообраќајка кај Росоман - повредени пет лица

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа којашто вчера вечер се случила  кај бензинската станица на патот од Росоман кон Градско,  потврдија од Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом од Кавадарци.

Како што информираа оттаму, тројца потешко повредени патници се однесени во болницата во Велес, а двајца со полесни повреди во општата болница во Кавадарци

- Во сообраќајната несреќа учествувале две возила од кои едното од Росоман, а другото од селото Паликура, Росоманско. Интервениравме со медицински персонал и две наши возила, наведуваат од Службата за итна медицинска помош.

 
 
24.04.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега