Жени и девојки ВНИМАВАЈТЕ: Манијак на велосипед напаѓа во Скопје

Околината на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во населбата Тафталиџе и велосипедската патека на кејот на реката Вардар во населбата Аеродром повторно станаа сцена во која еден велосипедист секојдневно вознемирува припаднички на понежниот пол, со тоа што ја соблекува облеката и ги покажува интимните делови од телото, пишува „Нова Македонија“.

– Манијакот со велосипед повторно се појави во градот. Напаѓа девојки, а особено го привлекуваат разголени нозе. Станува збор за црномурест маж со крупни очи и секогаш носи капа на главата и ја покрива устата. Најчесто е облечен во спортска облека, а напаѓа и прекуден – пишува Ф. Јаневска на социјалните мрежи.

Како што велат жителите на оваа скопска населба, случајот веќе е пријавен во полиција.

 
 
24.04.2016 - 10:25
Фото: 
калимеро.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега